Saturday, December 19, 2015

Vitis - Соработка со Manurl Bogoevski

Б'сне молња држ се земјо
И смртта гладна отвори муцка
Гнасотилук маршира по родна нашча мајка
Да се гости и гои од нашча пот мачна
Да коле и чеда да граба и сквернави
Погани стапки в долини зелени јурат
Галоп силен, од војска неизбројна
Дојдоја - да крадат и обесчестат
Водич ниини - незнабожец гаден


Во смрт, со крв и огин

Дојдоја и наседнаа ко на своја земја
Да господарат и апашуваат на сите страни
Крвта црна нивна гнасна,
Гладна за нашча крв света
Паразит, со остар опаш боде
Со чума да ги рамниш - малку е!
Гнасотилук поган!

Накалемија копилиња, посејаа семе скапано
Јарем на секи нашчи грб
Крсје горст, светлината ни ја нема
Чад ја пуни секоа пора
Смртта гладна муцка опецнала, вечно зјае

Разбуди се, уморен мој роде
И нек срце твое бара правда
Црна чума гази света земја
Се гости и гои од пот нашча страдна
Коле и граба синове и шчерки
Под чизма гадна, глас замчен е
И чуј, в самрак пискотници ечат
Пиштат, гори нашча лоза

Испратена в смрт, со крв и оган

Thursday, December 10, 2015

I remember your face

All is destined
And began with this spark
To follow our flaming hearts
Bo burst into flames

And flames took the flesh
Burnt the bones to dust
But what of the soul?
What would save me and heal this agony that carried me to the limits of my insanity?

Her cries are denied
No voice will reach and tear the heavens
What have I done?
Coiled noose taking the breath,
A guide to take me to the gates!

The same gates I hoped to see!
To rejoice and laugh and play and sing!
I spit on those grounds, I curse the creation and the deed!

Oh flames, take me!

Not a noose round my neck, or flaming pillars to be my end, divine judgment was far from me!

My end was quick and swift, I closed my eyes, darkest moments arrive, and were at play
And I still struggle to live

Thursday, August 27, 2015

Endless sky

Да се помине мостот


Секој миг ми е трул, секој здив, безвреден!

Дојди да ти кажам за моево лудило
дојди да ти помогнам да пречекориш
сите прагови, кои мртви лисја ги попречуваа?
чекорот твој е изменет
да се помине мостот, жед сега е

Перово знае и трпи премногу
секој спомен е причина за напред,
а секој здив, горење!




Заборав
Тие порти, и презреаните цреши. Сетив
како минеш покрај мене, како се вртам, и веќе те нема!

Колку и чекори да пружам
колку и смртта да ме земе
заборав не ќе падне на мене
знам
и ти знаеш
паѓам во сон
дали да пишувам?
дали да се вратам назад?
ме чекаш насред портите
збунет, рака подавам



Што е сторено, сторено е
И никогаш не видов очи, празни како твоите!

Колку пати и да се вратев да те сопрам
одот кон бездни бескрајни да ти го спречам
знаев, знаев
видов во очите твои празнина
и што било сторено, и што пијанството донело
сторено е, знам



Паѓање
Те држев, или само ми се пристори!

Тонам, претам, црни мрежи ме заплеткуваат
никојпат доволно свесен, а буден!
Тонам, пропаѓам,
уште колку ли по призраков ќе трагам?
Сознанието нè вџаши!
Мене повеќе од тебе
паѓаме
доаѓам неканет за да оставам по некој збор
на старите споменици
А не треба



Дрво на смртта
Толку многу сакав да ти речам!

О, џину дамнешен!
Печат на сите изминати времиња!
Чекорот мој ништожен ме довел пред тебе!
Жеден, со дланки распукани, на тебе се потпрев!
Ќе ги чуеш ли моите исповеди!
Последен сведок

О, џину неизбришлив!
Се потпирам последен пат,
овде застанувам!

Машала

И така, денес бидна целата збирка Крунисување на тажната смеа, издадена некаде во 2010.
Се надевам, вие што читнавте, дека не го потрошивте бадијала времето и дека нешто ви фати око.

Наредната збирка, коjа е наречена Молецот и далечната месечина (исто како и името на овој блог, само на енглески) би требало некогаш да се појави во пишана, овај, печатена форма, здравје нека е.

Како и да е, би било фантастично реално брилијантно вие момци и момички што прочитавте, да ми дадете било каков коментар, поплака или пофалба у врска со Крунисувањето.
Не ќе да е лошо да го споделите блогов исто на народ што поштуе поезија, по фб и остали страни.

Сега следат неколку кратки песни, кои најверојатно ќе бидат објавени заедно (оти нели, кратки се).

Останете ми живи и здрави, идеме понатаму!

Таканаречен крај

Не мора да велиш и да зборуваш за сите останати нешта
и зошто да ставаш крај?...

Имаше ли солзи пролеани врз писмото?
Или само тоа проклето, сино мастило?
Напишано ли е со тага и очај?
Ако одговорот е негативен...

а се бараше борба, да се избегне списокот на мртвите

Толку многу гласови слушам во моментов
што самиот се чудам
помислувам на смеата и радоста на мртвите

Кога го погледнав, истото лице стана уште потажно
а ете, идеа денови кога гордо ќе кажев
еве ја, за неа сега песни пишувам
или само, туку така, да се додаде
уште едно име на списокот на мртвите?

Дојде ли навистина тој ден?
кога ќе се прашувам што да правам
од сега па натаму?
како да продолжам да живеам?
еј, па зарем не требаже да се додаде уште едно име
на списокот на мртвите?

Дојде денот, за да се напише дека
дошол крајот...

Дно на долгот

Паѓаш полека во сон
доаѓа твојот најголем страв
ќе бидеш ли утре присутен
на долгоочекуваната прослава

На неа, едно несреќно лице
лажни насмевки
совршена глума
помеѓу присутните
неколку скришни погледи
што ли значеа?

Ист одговор повторно се изустува
еднаш обележан, засекогаш осакатен
дури и после смртта

а земала ли таа да љуби барем еднаш?

и бара да се врати долгот на дното те враќа

Дојде ли време
да бидеме повлечени заедно со тебе
длабоко, длабоко кон дното
и ќе седнеш да ни судиш
кому за својата заслуга, кому за изневера
дојде, значи, часот последен

на дното на долгот, очи жедни за одмазда
чекај, нема да простиш?
во името на изминатите времиња...

Кога се делеа убави мигови
кога заедно ги гледавме ѕвездите
кога владееше светлината
и престолот беше високо, на самото небо

Дно на долгот
твојата желба да ставиш крај
на дното на долгот
бараш правдата, веќе еднаш
конечно да се задоволи...

Крунисување

Ако сакаш да уживаш целосно во среќата
оди и погледни ја
лицето го препозна, нели?
а гласот не можеш?
рече, побрзај и пресретни ја
како што ти ќе заповедаш, покорен слуго

А потребни ли ти се и други докази?
Кога самата си ги даде, три пати во една ноќ?
Навистина, чуда можат да се случат
и еден спомен самите да составиме
Мирисот на твојата коса
силата со која огнот гори во телото твое
а јас смрзнувам полека
јасната месечина веќе не сјае

А копнежот расте ли расте
кога ќе вкусиш еднаш, сакаш вечно да се гостиш
вака било најдобро?
Еднаш ни рекоа, пишано било
вистината лежи на друго место
иако тие тоа не го признаа
сама си ја кроиш судбината своја, создаваш свое кралство..

Wednesday, August 26, 2015

Твоите очи

Заедно, прегрнати од темнината
ние стоиме на карпата
ги гледаме ѕвездите
ние сме заборавени од светот
ние гледаме преку нивните лаги
и играме со наши сопствени правила
повторно гледајќи го цветот што умира
го имам видено ова многу пати
не, ова е исклучок
некоја насмевка што не е злобна
убавина донесена од друг свет
чекајќи да биде вкусена
секој почеток е убав
но што ќе биде потоа?
кожата е толку мека
но што се крие внатре?
Што се крие долу, длабоко во темнината
има ли збор што може да го опише?
или само вечна тишина?
Во која никогаш нема да пресече некој глас?
умирајќи еден за друг
барајчи уште еден краен бакнеж
Обидувајќи се да го задржиш уште малку подолго
но канџите на смртта стануваат посилни
ако никогаш ти немам кажано
дека те сакав
знам дека не морам да го кажам тоа сега
уште едно нешто, твоите очи
сакам да бидат последните што ќе ги видам

Слагалка

Изберена погрешна патека
спомените оживуваат полека
сакаш да избегаш
нема да успееш
собираш делчиња за слагалката
што треба да ја наслагаш

Страдаш од твоите мемории
кошмарите те раскинуваат постојано
и секојпат кога ќе добиеш друг дел од слагалката
се надеваш дека болката утре нема да постои

Зарем морам да ја слагам?
Па и тоа еден ден ќе го снема, зарем не?
Тоа ќе ти биде казната, вечно ќе ја паметиш

Таа насмевка, тие веѓи, допирите, гласот
убавината ангелска, зелената и кафена боја

Те прогонува, зарем не?
Колку долго можеш да издржиш?
Ќе го поднесеш погледот
на толку многу лица?

И на едно лице, чија насмевка е совршена...

Тага

Дојдете, имам солзи за давање
бесплатно е, сите вие само тоа и го сакате
еве ви ги, задоволни ли сте сега?
затоа што солзиве се бесплатни
а вие...само тоа и го сакате...

И ги создадов овие тажни песни
а немаше кој да ги чуе
бескрајно трагав...најдов само тага...

што, уште се плашиш да ја прегрнеш?
Ти мала будало, таа стои пред тебе
толку бледа, нежна како цвет
нема ли да биде сакана?
Нема ли да ужива во прегратките твои?

Па да,ја немате видено вие
само како ме гледаа тие очи
нема да разберете никогаш
можеби денот кога ќе биде крај

Бидејќи уште потажни и ќе бидат тие прекрасни очи
од кои не сакам да се пролее ниту една солза
не сакам да бидам за тоа одговорен
попрво би си ги извадил сопствените очи
да знаете, затоа овие солзи се бесплатни...

Последна смеа

Собрани заедно
во далечното минато
го чекаме раѓањето твое
кое ќе биде извор на вечна љубов
а далеку од нас, слушаме смеа...

Растеш во овој распарчен свет
секој ден учиш нешто ново
секоја лузна, по една приказна
што вреди да се раскаже
за да се создаде една насмевка

А сега, кога ти си совршена
ти претстои средба со обичен смртник
неговото потценување
твоја најголема грешка

јас го поминав твојот тест
и го извадив божественото од тебе
спиј, драга, јас ќе бидам овде да те чувам
засекогаш, твое е вечно да ме сонуваш...

...додека не дојде време
за твоето повторно будење...

Мала спогодба

Почувствувај го разделувањето на моето месо
види ги усните, расцепени, крварат
ништо нема да го смени израснатото
што се создаде од старата почва
што беше толку совршена
злобни насмевки
демони што никогаш не спијат
бессони очи, кои ги набљудуваат урнатините
можеш ли да го избалансираш раздорот
направен од негова рака?
безлични хорори, а  каде ги најде?
онаму, каде што твоите зборови
не можат да помогнат
ќе биде ли создадена нова судбина
без желба за одмазда?
Над тебе се надвиснува ново зло
немоќен си, слабак
а се замислуваш дека си господ
Скратување на маките?...или брза смрт
како би било да ги трпишмаките што јас
ги трпев одамна?
прогонувањето продолжува
а што ли чувствувам јас
додека седам овде и те гледам?
зарем почнав да го губам разумот?
Ти си способна да го повикаш сонот
да слета на овие уморни очи
...на дофат на мојата рака
сепак, не можам никому
да судам, ниту пак
да го обвинам

Потоп од солзи

Заедно со секој допир, кој ме убива
полека, а сепак сигурно
ќе има ли солзи, кои ќе вреди да се запрат?
секогаш го прашував ангелот
(кој сега чекори меѓу нас)
дали и сега ќе има потоп?

Не потоп од дожд. туку од солзи
солзи, што се пролеале, а заради што?
Многупати се имаме најдено во тој стар ќорсокак
носејќи не само во очај и агонија
солзите, носат почеток
бараат од тебе само еден допир
кој предизвикува умирање, тажење
среќа и клуч за вечноста

може ли ангелот да лее солзи
кога некој лее солзи за него
седејќи далеку, на работ на вечноста

Заледувачки здив

Чувствата не се кријат
а тие усни беа ледеи и слатки
и се држевме во ледени прегратки
секогаш можат да постојат
поубави денови, но овие се сега студени

Леден здив што заледува
внатрешноста празна и студена
затворена, засекогаш, и заборавена
мемориите ќе те следат довека
грешна беше дотогаш, знај
(на тие чувства, ќе им дојде ли некогаш крај?)

Сите тие собрани околу неа
недостига само една, која сега отиде да ја закопа ѕвездата
што светеше најсјајно во нашите срца

Знаеме дека последниот миг пристигна
солзите, по тажните симфонии
од вечниот извор, пресушија

Студенило поминува, те прегрнува
и те остава, си оди полека
знае, не си лесна жртва, сепак, те остава...
...да смрзнуваш...

И додека галамата од прославата се засилува
се упатувам накај крајната соба
знам, ова се магични мигови
а решавам да ја затворам вратата
овојпат...засекогаш...
90024071аѓаодаат

Чисто и свето

Кажаното од неа е вистина
сите ние ги имаме закопано
во тој ладен, последен ден
уште едно страдање
предизвикано од нешто толку
чисто и свето

Го отворивме овошјето
и се изненадивме
било мртво уште од самиот почеток
а тие ни го нудеа, го величеа и јадеа
без да знаат зошто

Во тој тажен ден
по тоа долгоочекувано цутење жедни
Го добивме, не знаејќи што ни се дава...

...и го примивме, бидејќи беше чисто и свето
цутење предизвика
но и таа беше жедна...

Со раширени крилја сведочеше
И ние ја прашавме:
Зошто?

Не овојпат

:ровоГ
Секојпат тоа доаѓа ненадејно, па зар можев да го очекувам токму овојпат?
Не. Слика, која ми го мати умот, зелената боја и светлината што паѓа на неа, да, такво
нешто не можев да очекувам. Не овојпат...

Одмотување на јазолот
разјадување на светлината
сенките се раздвижуваат
можеш ли да видиш?
Со каква гордост е заразена?

Копнеж...по јазолот...
копнеж...по зеленото

Одмотување на јазолот, твоја смрт,
не, ќе се вратам, само не сега
таа го стори тоа, да, секогаш ни е пред очи
само ние не можеме да го видиме
поле исшарано со тие слики
го носев товарот, без да знам зошто
се свртев и го видов човекот
со бастун в рака, како заминува надолу...

...и надолу ги носеше
сите оние работи
заедно со себе
кои ми беа мили
ја носеше и зелената боја
и битките кои треба

да ги издвојам

А сега не можев да го молам
да ми ги врати
сите оние неочекувани нешта
но, зарем можев да очекувам?
не, не овојпат...

Копнеж

:ровоГ
Ја виде ли? Кажи ми дали ја виде?
Ја видов. Цело време седи на подот, и, како воопшто да не е присутна
Што се случува, зарем не ти кажа?
Не, никој никогаш нема да го слушне тој глас повторно...

Длабоко чувствуваш бес, а падната си во бескрајна бездна
сè уште ги чувствуваш неговите раце како те дават
сликите полека бледнеат, а возбудата останува

Помислуваш на спасение, а трепериш пред неговите нозе
го криеш лицето, изобличено од неговите раце
а го носиш фустанот што тој ти го купи
копнеж, болка, омраза што тлее
го зеде назад тоа што ти го даде
омраза, болка, гнев и копнеж
го уништи заедно со утробата што го носеше

Те изобличи, скрпи
мораше ли да го трпиш пеколов?
ти ја зеде убавината, ти ја уништи среќата
секоја дамка полека ќе исчезне
здробеното и помодреното ќе заздрават
добро напредување, а изненадувањето доаѓа неочекувано
една последица која те фрли во темнината

Темнина, што боде со своите игли
ладна, искинува на мали парчиња
те исцрпува до крај, барајќи од тебе да копнееш
копнеж, кој го разорува она што ТИ го зеде...

Обвинение

:ровоГ
Зарем има некој што повеќе би можел
да обвини? Се разбира, од твојата уста секогаш ќе излегуваат
само лаги...

Твојот преран крај
еден брз, жален завршеток
преполн со лаги и мистерии
ќе го најдат писмото
за тоа не грижи се
најди спокој...и одбиј го...

Можеш ли да обвиниш повторно?
да обвиниш некој кој веќе го нема?
Колектирај различни делови
од последното писмо

Ќе недостигаат ли некои делови?
Кои повторно ќе ја комплетираат лагата?
Бидејќи од твојата уста можат да излезат...
...само лаги...

...само лаги...останати во последното писмо
делчиња од мала вистина, на која ти
никогаш нема да поверуваш
сепак лаги, на кои многумина поверуваа
(ќе поверуваат)

Оставаш мистериите никогаш да не бидат разоткриени
ги оставаш лагите, за тие да веруваат во нив
нема да им поверуваш?
твоите чувства се побунуваат
на овие лаги, кои некогаш
ја претставуваа целата вистина

Искупување

:ровоГ
Некогаш е подобро кога ќе се покаете
и исчистите од своите гревови, но понекогаш
не вреди некои гревови да се чистат
И затоа, кога сè ќе биде готово, не барај опростување

Вешно бегање, твоето детство е избришано
можеш ли да го поднесеш пеколов
да, твојата сегашност те убива
а за иднината? не, тогаш
ќе ги искупуваш своите гревови

И секој ден, ваш, можеби нејзин, знам...
...ја видов тогаш кога се смееше
кога уживаше во гревовите, што ги стори ти
да, го виде лицето, и секој ден
ти ги искупуваш гревовите
се чистиш самиот себе
сепак, зарем мораш да веруваш
во она што таа ти го рече?

Се разбира не
сè можеше да биде подобро
веќе чуено, веќе научено?
да (сепак, твоите гревови остануваат)
секојдневно страдање, секојдневно умирање
ти можеше да го урнеш светот!
мислеше дека не можеш?
а можеш ли да претвориш една насмевка
во оплакување?

Ова е твојот последен ден за искупување
ги исчисти твоите гревови
длабоко остана само еден
ќе се исчистиш ли и од него?
во последниот де од чистењето
останува еден грев...

Празнина

:ровоГ
Па да, зарем ќе бидете во состојба да разберете
а да не се згрозите? едноставно морате
да го прифатите ова такво, какво што е 

Бескрајна темнина, немаш каде да се скриеш
овие зборови не ги послуша
во бесмислена ибра, сега внесени сме ние
а пред нас, привидение

И празнина ќе биде створена, длабоко во тебе
заштипена за срцето
чекајќи го последното зајдисонце
да ја претвори почвата во гнездо на заборав

Да те натера да посегнеш по забранетото
да удриш по она што си го сметала за свето
нема да ги чуеш зборовите на другите
ќе бараш спокој, мир конечен

Вечна празнина
напиј се сега, повеќе нема да ти биде
потребна оваа чажна надеж
-зарем е вистина? барај одговор во празнината
вдиши сега, нема да мораш пак
овојпат те држи таа
раширени крилја, тивок шепот
и крајот на овој ден

Плитка, но смртоносна рана
гнездото е направено, бидејќи ти го создаде
ама погледни ја светлината, бидејќи
нема да мораш да ја погледнеш пак

Личност, со поглед толку студен
и господарка, на што?
на она што се нуди
со отстапување
во бескрајната празнина

Средба

Слепило што те обвило
и ти ги затворило очите
продирајќи низ твоето тело
горејќи и топејќи

Имаш среќа ако останеш барем жив...
(има и полоши работи од смртта...)

Долго, долго гледа
потоа жари, пали и убива...

Интересна средба
со една ваква убавина
чии подмолно скриени игли
секогаш се спремни да те спречат
и да не ти дозволат да ја прегрнеш
-дури и кога таа спие
не сте ништо подалеку од опасноста

Низ вековите, зарем морате
да дознаете и вознемирувате
и чепкате длабоко, во темнината
каде наоѓате стари тајни, а потоа...
непријатна, интересна средба
која жари, пали и убива...

Прегратки и подадени раце
кршат коски, сомелуваат брзо
те гризат по телото...

Измачување, бол, слабост
на крај најдени јагленисани тела
бидејќи...во таа интересна средба
ве жари, пали и убива

Паднатиот

Пробај да ги направиш работите подобри
и тие ше ја почувствуваат промената
полошо, е што ќе видиш
даровите, фрлени на ветрот

Твоите зборови станаа вистина
тоа од што највеќе се плашеше
сега е вистина
издржувајќи и издржувајќи
ти стануваш паднатиот

Новиот почеток, и стариот белег
дете, ти страдаше доволно
но, дали ти знаеш да се молиш?
дали знаеш дека дарот
е скршен на парчиња?

Да се ослепам самиот себе? Добар избор
Да ги повредам светите? Што направија многу грешки?
Да го убијам избраниот? Не, барај клуч
овојпат нема да поминеш, твоите нозе се тешки

Ќе избегаш повторно?
Поради желбите на другите
Ќе ставиш уште една маска? Зошто?
За да ја скрши, како претходните?
Ништо од тоа, јас ќе ја прифатам тишината
што ја населува душата на паднатото дете...

Моите последни зборови

Ќе сакате да ги слушнете
моите крајни зборови
се надевате дека ќе ги разберете
и ќе ги запомните добро?
Размислете повторно...
и барајте поубави денови
подобри соништа
не смрт и уништување
дајте го благословот
не одземајте го животот
дојдете да ги почувствувате
моите зборови, тие ќе бидат последни
чујте ги моите последни зборови
обидете се да ги разберете
запомнете ги добро
вистина и лаги
ги кажувам и обете
чекајќи ги вашите реакции
вие стоите во тишина
време е да се кажат
но бие нема да ги сфатите
време е да се каже вистината
која станува лага
време е за последните зборови:
Моите последни зборови се...

Наспроти солзите

Секогаш сме оставени на чекање
оставени да ги гледаме овие стари
мрачни одвратни лица
бидејќи тие се тоа
одвратни лица кои ни ја уништуваат радоста

Невидливи солзи, кои како река течат
во бескрајот, соединувајќи ги
сите тие загубени моменти
и кршејќи ми ги желбите

И секогаш се сведува на тоа
чувства, солзи и крварење
а всушност, зошто да се трудиме
сето тоа да го сфатиме?

Овојпат навистина е потребно да се борам
дека вреди...

Но тоа беше само искра во темнината
блесок кој треба да биде заборавен
сјај кој сјаеше толку мрачно

И секогаш мораме да молиме
бараме, а не ни е дадено
жалиме, а никој не го слуша нашиот глас
умираме, а никому не му е грижа

Не сум јас тој што треба да го каже последниот збор

Како што еднаш кажав
тие ќе се вратат повторно кај вас
ќе се вратат, и тоа плачејќи
избодени и замрзнати
што ли чувствуваа кога не гледаа
како пиеме од вечноста?

И од надежта што умира
зарем таа мора да биде
и овојпат убиствена?

Изолирана од вас
оставена на својот погрешен крстопат
и уривањето на соништата
дава надеж, убиствена, осамена, крвава

осудена на вечни маки
без излез и спас
што би можела да добие
од овие канџи?

Би ги избирале ли деновите
кога ќе сакате да умирате?
би пееле ли во денови
кога ние жалиме?
зошто ова мора да биде
последниот здив, даден бадијала?

Процесот е болен и за двајцата
а тогаш надежта умирала
И зарем уште умира?
и овојпат убиствена?

Па да, сега таа зела облик на жена
Познато ви е, со сите тие среќни мигови
насмевки, убави очи, ветер што ја дува тагата
носејќи надеж, која е мртва?

За какво раѓање стануваше збор?
само темнина, страв и пропаѓање
во овој пропаднат свет
за мојот и твојот живот?
за убиствената, слаба и мртва
треперлива, мала надеж...

Поминати низ слатките сништа

Таму, каде зората влијание нема
оставена засекогаш, во овој совршен
разурнат свет, тогаш потребно е
да ја видиш бојата на очите

Секогаш и секогаш самоубиствени нагони
чудно, зарем би требало да постојат и овојпат?
би било ли тоа потребно?

Мислите дека сте секогаш вие тие вистинските?
Не...вие сте обични инсекти,
кои само со еден замав
и смачкани сте

За големите работи
потребно е големо планирање
што сте знаеле за нас, сега заборавете
каде ли бевте? бевте скаменети
и повторно сакате да плетете мрежи од заборав?
...овојпат, така нема да биде

Новата надеж

Чудно е тоа, кога морате да се покорите
одново и одново, болка и лојалност
секогаш не е исто, понекогаш
мора да има барем една нова наредба

Зошто ли се надевам за нова надеж
зошто ли повторно ние чекаме спас
зарем не е подобро да останеш
во постелата своја, и да не бараш
повторно надеж?

Новата надеж, блескава и тајна
секогаш со нов и поинаков сјај
бара светлина таму каде што ретко може да се најде
Овојпат случајно? Или можеби не?
Како сон што те раскинува?
Случајна искра што ќе создаде мир, војна, крај?

И повторно нова надеж
со светлина во бескрајната темнина
со песни во тишината
со смеа која ја пронижува тагата
нови чекори кои ја продолжуваат среќата
нова надеж, надеж дека овојпат...
овојпат среќата вечно ќе трае...

Распарувачка шлаканица

Повторно ти доаѓаш да умреш
и да го тестираш моето скршено трпение
барајќи нешто повеќе...

Заборавената мрежа во твојот ум
и стари мемории од праисториско скапување

Старите мемории плачат за мојот сон
проколнуваат за замрзнатиот сувенир
заразена, уништена
умираш во својата сопствена игра
врескаш вез чувство на тага

Оставена во канџи
со секоја распарувачка шлаканица
ти ја распаруваш покорноста
ти го уништуваш заборавот
заклушен во тој совршен оклоп

Донеси ја душата во градината
вечна и заборавена, и понуди ми ја мене
јас нема да ја фрлам во мојата
замрачена океанска мрежа

Убиство во твојата соба

Немајќи нешто што ти е потребно
но, зарем има нешто, драга
што го криеш?
Па се разбира, внатре е твоето преценето срце
кое очајнички чека да биде скршено
кое бара некој да го зароби
ова, драга, е твојата желба

Но ти ја занемаруваш, тука, мила, е твојот малечок страв
врескајќи да го пуштиш надвор
барајќи шанса за да ги покаже своите канџести крилја

Какви тајни има внатре во собава?
кого спречуваат од спознание нејзините порти?
овојпат, ти играш кралица
јас сум твојот крадец на фустани
а твоите најсветли ѕвезди
сега се гаснат

Што ќе најдам  внатре?
ти ќе ме проколнуваш
и слепило ќе ми фрлиш на очите

Внатре, драга, зачуден и збунет седам на креветот
во собава немаше ништо посебно
само едно тело во шкафот
со испружени нозе на подот
малку се доближив
лицето беше скапано
телото-распаднато

И уште се прашувам, најмила,
зошто толку го криеше телово
слепилото врз моите очи ми го покажа тоа
илиуште го крие, подалеку од мене
затворено во твојата соба, чиј праг
повеќе нема да го пречекорам

Убавина

Убавината изчезна пред долго време
ангелската посветеност избледе
заборавени, тие беа пратени во прогонство
горчината не си замина од нив

Кога беа во својот цут
многумина не ги забележуваа
малкумина ги сожалуваа

Тие потсетуваат на минатото
не се грижат воопшто за иднината
ги кинат нашите мигови
ја фрлаат настрана нашата верба

некогаш побудуваат чувства
некогаш, жалост и страв
не, нема да изчезнуваат вечно
чекаат само еден обичен миг
да сведочат за ова минато

И ќе ги уништат сегашните денови
ќе фрлат сенки на спомените

Сега чекаат шанса, мала, и сигурна
ќе остават тие белег
од кој многумина ќе се жалат
да, тие ќе ја создадат иднината
ќе го посеат патот со убавина
убавина, која сега го сее минатото

Уште еден посветен исечок

Овие рани ќе крварат засекогаш
таа ќе дојде и ќе ги извади твоите сништа
драги, можеби ќе сакаш да останеш?
ха, овде? за да ме распнеш?
таа ќе помине и ќе ги исече твоите желби
за да го скрие твоето лице од светлината
да направи уште еден исечок?
што ќе се смени?
Уште еден посветен исечок на ова скапано тело?
уште еден, уште еден, уште еден
посветен исечок...
Таа ќе се спушти на твоите урнатини
и ќе дигне ново кралство?
Моите колена не можат да го издржат ова
некој да ја земе болката
длабоко во долината на врисоците
гладен, жеден
само повеќе болка
исечоци, ги сечат твоите емоции
за да ги држат моите очи отворени
за цела вечност?
погрешни уши да го слушаат затишениот глас
не, погрешно лице за мачење
исечоци, ги сечат твоите емоции
доаќаат, повеќе и повеќе
повеќе посветени исечоци
овде за да простиш, или судиш?
да ги скриеш твоите лузни
или да ја покажеш твојата мала храброст?
гладен, жеден
да даам уште еден посветен исечок

Под ѕвезденото небо

Мораше ли и ти да не напуштиш
ти, која секогаш не тераше
да ги исполнуваме деновите со насмевки?
Ти, која ни ги пружи среќата и надежта?
мораше ли да ги убиеш?
Мораше ли да ги направиш овие лузни?

Твојот допир избавува од смртта студена
под ѕвезденото небо те славевме
твојот магичен поглед го баравме
со твоите солзи гревовите ги миевме

Но ти, ти ги заборави своите ќерки
твојот поглед сега го нема
твојот дар ја изгуби својата моќ
сега сме жедни за враќањето твое
за истата жена, што не држеше
во своите раце

Сега со твоите раце го држиш вечниот живот
неуморна, незаситна, даваш и земаш, љубиш и мразиш
сонот што ти го сонуваш
за нас недостижен е, но, твоите корени
не потсетуваат за убавината
И опасноста која ја носиш со себе.

Убивајќи го кралскиот чувар

Добредојдовте на оваа магична улица
имате неверојатна шанса да учествувате
на моето магично патување
само одлучете и ставете монета
и дојдете во овој, мојов свет

Играта можам да ја наречам
магично патување, можеби
но голема желба ми е
да ја наречам
убивајќи го кралскиот чувар

Ќе чекориме по пат поплочен
кој продолжува напред и напред
но, крстопат сега се најде
на други три насоки може да не поведе
патот на темнината
патот на смртта
и патот на светлината
се патишта можни
не грижете се, ќе ги вкусиме сите
има време, или нашето време
е одамна поминато?

Патот на темнината е полн
со сите лица, скапани, изгниени
вечен вресок од нив, болка
што пече и гори
Кралскиот чувар го земаше здивот..

Патот на смртта, овде солзите
се слушаат како бранови
зашто...да, овошјето е скинато
а дарот е изгубен
Кралскиот чувар ја земаше душата...

Патот на светлината исполнет е
со нишки од претходниците свои
полн е со душите заскитани
овој пат, ја зедоа и мојата душа
која ја одраа од мене
овој Кралски чувар ме уби, ме скрши
и ги слушав вашите тагувања
вашите солзи што звучеа како бранови
вресоците од вашите изгниени животи

Доволно умирав за неа
еднаш и таа нека умре за мене
додека кралскиот чувар ме влече
по улиците на бескрајниот град,
водејќи ме накај бескрајните гробишта...

Од овде до ѕвездите

Чекореше по темната улица
само сенки и темнина
што ја прегрнуваат
си мислеше, ќе го најдат ли телото
овде ли ќе се упатат, барајќи убиец
но не и ослободител

Во ноќта, соништа што измачуваат
ѕвезда умира, но не е послушана наредбата
бараш и понатаму, за да ја угасиш жедта
жена во црно, шминка размачкана од солзи
рацете испружени како да држи бебе
но, рацете испружени се празни

бараш нова жртва, брзаш да ѝ одземеш сè
што го имала или ќе го има
ги забрзуваш чекорите, наеднаш се вртиш
еве ја, жртвата е тука, само колку со нешто
да ја убиеш досадата

Еве ја, стои до тебе, ти се покорува во сè
ти сакаш да
ѝ го земеш и тоа што не може да ти го даде
се прашуваш, дали би требало да ја пуштам да си оди
можно ли е да биде поинаку, но, кога се откажуваш
од намерата, жртвата твоја станува твој предатор...
кој е сега жртва?..
Како што ја наоѓаш жртвата, така и си одиш од неа

Sunday, June 21, 2015

Синџири

Моето будење од долгиот сон
можам да се сетам, ни дрвјата
немаа сè уште цветови
сега, пред моите уморни очи
повторно гледам снег
старата болка, сèуштеја населува
мојата душа, сèуште сум во синџири
забранети беа нејзините усни
а кои беа тие да ми судат?
По изминатата бечност
повторно го слушам твојот глас
твоите вресоци ме убиваат
ја искушуваат мојата жед
или можеби се лажам?
Моите желби, гнијат далеку
од животот, си ја дадов душата
ги сторив овие гревови
ги гледав нејзините очи
тргнав накај животот
но синџириве ме спречија
Паднат на колена, но не можам да молам
не можам или не сакам?
Сакав да заплачам, но и тоа не можев
да го сторам
Цветовите на дрвјата расцветуваат
што е сторено, сторено е
напушти ја земјава и не стапнувај
ни чекор повеќе на неа

Така нека биде, брате

Гледајќи ја сопствената школка

Го гледав човеков
згрчен, занемен
со свои болки и јадови
седеше во аголот
замислен и збунет
тој одамна беше сам
но тогаш
кога најмалку се надевше
дојде неговиот спас

Со очи што горат како пламен
со темината зад себе
дојден  од најмрачните предели
на бескрајната шума
брз како самите волци
жеден за крв

И ни рече: погледнете го
кутрово суштество, погледнете,
тој станал слабак, не верува во ништо
па дури ни во самиот себе
можеби неговата смрт е блиску
но тој сепак сака да се промени
да биде нешто поинакво

но тој ќе се претвори во волк
и ќе се затрча во длабоката шума

И таму ќе изгради свој олтар
и ќе му се поклонува, ќе се поклонува
на неговите соништа, на неговиот
внатрешен немир, на својата судбина

Или можеби сепак нема да го стори тоа?
Што ќе биде праведно, а што не?
Кога тој сега е на крстопатот
дали да умре или да живее
дали болката некогаш ќе заврши?

Во него беснеат големи бранови
кои сакаат да го поведат напред
а тој не се помрднува
сакаат да го натераат да молќи
а тој вие како волк

Тој сака да пролева крв, да убива
а поради што?

Само таа сега може да го запре,
само таа може да ја донесе среќата
само таа може да го скроти ѕверот
кој неуморно талка низ шумата
капејќи се во својата крвава бања
и страда додека се моли пред нејзиниот олтар

Wednesday, June 17, 2015

Одбивност

Таа икона...зошто е овде?
не знаеш
па тогаш уништи ја
и не ме прашувај зошто
има одбивност

Мојата одбивност ќе помогне
не сомневај се во тоа
направи се себеси поразличен
тоа е единствениот начин

Уништи ја иконата
и не ме прашувај зошто
има одбивност

Грев

Олицетворение на судбината
бескрајна војна помеѓу нас
дојде раката на правдата
ни донесе само мрачни удари

Братот твој нема да падне лесно
неговата волја, силна
што е проблемот, демону
зарем се плашиш?
Пази си го јазикот, ти човечко куче
до вчера бевме робови со наведнати глави
денес имаме слобода
но сепак, сè уште сме кукли
закачени на конци

Олицетворение на судбината
бескрајна војна помеѓу нас
дојде раката на правдата
будали, зарем немате чувство за правда?
Не вреди, таа се претвори во одмазда

Огледалце, огледалце мое

Од секогаш сакав да те прашам
дали ти си вистината?
покрај мене ти помина
додека се гледав во огледалото
не, не сум тоа јас
мојот одраз е смртта
замолив, и ми беше дозволено
повторно да сонам
во сонот, три познати лица
крв, и чекорење во круг
одраз, повторно таа
покрај огледалово
но само прашина останала
Бевме благодарни
што ни е даден овој дар
го засадивме без да знаеме
какво зло правиме
таа што не натера на тоа
не сакаше да ја преземе
вината врз себе
таа никогаш
нема ни да помисли
да ни ги излечи раните
Покрај мене ти помина
додека се гледав во огледалото
мојот одраз, сега го нема
покрај огледалово
само прашина останала

Monday, June 15, 2015

Како на вечтноста да ѝ дошол крајот

Таа сече парчиња од мојата душа,
ко парчиња никогаш нема да се соединат,
бидејќи ниту магија, ниту човек можат
да се спротивстават или одат
по патот нејзин
очите и` се како болка
усните, кралство што никогаш нема да го освоиш

Ги држи парчињата од мојата душа,
не соединувајќи ги повторно заедно,
држејќи ме надвор, како питач,
во темнина, каде што нејзината смеа
нема ни најмало влијание,
загубен во нејзината магична кутија,
сепак треба да продолжам да ги барам
одговорите

Си поигрува со парчињата од мојата душа,
ги искушува, како да ме боде со најголемата тага,
осудувајќи ме да го гледам сето тоа,
и сè уште седам во некој замислен очај,
не сакајќи да излезам надвор, бидејќи се плашам,
а внатре се надевам дека ќе успеам
да најдам одговор, да ставам крај,
и повторно да го почувствувам
светот кој ме опкружува

Тогаш таа одлучи да ги фрли парчињата
од мојата душа,
и истурајќи ги во бездната,
дојдов, молејќи ја, молејќи ја да ги зачува
барем последните парчиња,
и да ми ги врати,
во неа нешто се скрши,
како на вечноста да и
дошол крајот,
и таа почна да одговара на прашањата,
а јас не можев да слушнам ни збор.

Легија

Што можеш друго да сториш
кога во себе имаш легија
најавувајќи ти ги
најнездравите нешта
јавувајќи се ненадејно
кинејќи нагоре од самото дно

Уништувајќи ги и борејќи се против нив
гонејќи ги во своите заборавени спомени
мојот пат е преполн со нив
јас ги носам во моево битие

Не можеш да ги контролираш
и прилагодиш сите нив
но не е повеќе ни важно
бидејќи и ти си дел
од шаховските фигури

Волкот никогаш нема
да почувствува ветер
таа никогаш нема
да почувствува слобода
тој никогаш нема
да се ослободи од синџирите
а ти, проклето битие
никогаш нема да не контролираш нас

И не размислувајќи то гледаш
нејзиното голо тело,
кое лежи во собата
усните и` се црвени
кожата - бледа
косата натопена со крв
ти ја чекаш пресудата
за убиените фигури
фигурите на твојата легија

Sunday, June 14, 2015

Повторно истото име

Ова ли е плачот што го создава твојата мајка?
Минатото е чистина, не е потребно извинување,
ако некој се заврти и погледне, ќе види,
ако се обиде, ќе чуе,
но во никој случај нема да те убие

Погледот на очите е насочен на друга страна,
бега како елен, се крие како во детска игра
те лаже, и притоа ти се смее со темните усни

Беше речено, огнот нема да гори,
а таа да не проговори,
косите нејзини се спуштаа на моите рамења
а таа, таа името не го изговара

Ќе биде дадена секоја скапоценост,
ќе биде платена било која цена
повеќе белезите нема да постојат,
тагата ќе биде избришана,
името сè ќе поврати,
името, моќта голема е...
...повторно истото име