Sunday, June 14, 2015

Повторно истото име

Ова ли е плачот што го создава твојата мајка?
Минатото е чистина, не е потребно извинување,
ако некој се заврти и погледне, ќе види,
ако се обиде, ќе чуе,
но во никој случај нема да те убие

Погледот на очите е насочен на друга страна,
бега како елен, се крие како во детска игра
те лаже, и притоа ти се смее со темните усни

Беше речено, огнот нема да гори,
а таа да не проговори,
косите нејзини се спуштаа на моите рамења
а таа, таа името не го изговара

Ќе биде дадена секоја скапоценост,
ќе биде платена било која цена
повеќе белезите нема да постојат,
тагата ќе биде избришана,
името сè ќе поврати,
името, моќта голема е...
...повторно истото име

No comments:

Post a Comment