Sunday, June 21, 2015

Синџири

Моето будење од долгиот сон
можам да се сетам, ни дрвјата
немаа сè уште цветови
сега, пред моите уморни очи
повторно гледам снег
старата болка, сèуштеја населува
мојата душа, сèуште сум во синџири
забранети беа нејзините усни
а кои беа тие да ми судат?
По изминатата бечност
повторно го слушам твојот глас
твоите вресоци ме убиваат
ја искушуваат мојата жед
или можеби се лажам?
Моите желби, гнијат далеку
од животот, си ја дадов душата
ги сторив овие гревови
ги гледав нејзините очи
тргнав накај животот
но синџириве ме спречија
Паднат на колена, но не можам да молам
не можам или не сакам?
Сакав да заплачам, но и тоа не можев
да го сторам
Цветовите на дрвјата расцветуваат
што е сторено, сторено е
напушти ја земјава и не стапнувај
ни чекор повеќе на неа

Така нека биде, брате

Гледајќи ја сопствената школка

Го гледав човеков
згрчен, занемен
со свои болки и јадови
седеше во аголот
замислен и збунет
тој одамна беше сам
но тогаш
кога најмалку се надевше
дојде неговиот спас

Со очи што горат како пламен
со темината зад себе
дојден  од најмрачните предели
на бескрајната шума
брз како самите волци
жеден за крв

И ни рече: погледнете го
кутрово суштество, погледнете,
тој станал слабак, не верува во ништо
па дури ни во самиот себе
можеби неговата смрт е блиску
но тој сепак сака да се промени
да биде нешто поинакво

но тој ќе се претвори во волк
и ќе се затрча во длабоката шума

И таму ќе изгради свој олтар
и ќе му се поклонува, ќе се поклонува
на неговите соништа, на неговиот
внатрешен немир, на својата судбина

Или можеби сепак нема да го стори тоа?
Што ќе биде праведно, а што не?
Кога тој сега е на крстопатот
дали да умре или да живее
дали болката некогаш ќе заврши?

Во него беснеат големи бранови
кои сакаат да го поведат напред
а тој не се помрднува
сакаат да го натераат да молќи
а тој вие како волк

Тој сака да пролева крв, да убива
а поради што?

Само таа сега може да го запре,
само таа може да ја донесе среќата
само таа може да го скроти ѕверот
кој неуморно талка низ шумата
капејќи се во својата крвава бања
и страда додека се моли пред нејзиниот олтар

Wednesday, June 17, 2015

Одбивност

Таа икона...зошто е овде?
не знаеш
па тогаш уништи ја
и не ме прашувај зошто
има одбивност

Мојата одбивност ќе помогне
не сомневај се во тоа
направи се себеси поразличен
тоа е единствениот начин

Уништи ја иконата
и не ме прашувај зошто
има одбивност

Грев

Олицетворение на судбината
бескрајна војна помеѓу нас
дојде раката на правдата
ни донесе само мрачни удари

Братот твој нема да падне лесно
неговата волја, силна
што е проблемот, демону
зарем се плашиш?
Пази си го јазикот, ти човечко куче
до вчера бевме робови со наведнати глави
денес имаме слобода
но сепак, сè уште сме кукли
закачени на конци

Олицетворение на судбината
бескрајна војна помеѓу нас
дојде раката на правдата
будали, зарем немате чувство за правда?
Не вреди, таа се претвори во одмазда

Огледалце, огледалце мое

Од секогаш сакав да те прашам
дали ти си вистината?
покрај мене ти помина
додека се гледав во огледалото
не, не сум тоа јас
мојот одраз е смртта
замолив, и ми беше дозволено
повторно да сонам
во сонот, три познати лица
крв, и чекорење во круг
одраз, повторно таа
покрај огледалово
но само прашина останала
Бевме благодарни
што ни е даден овој дар
го засадивме без да знаеме
какво зло правиме
таа што не натера на тоа
не сакаше да ја преземе
вината врз себе
таа никогаш
нема ни да помисли
да ни ги излечи раните
Покрај мене ти помина
додека се гледав во огледалото
мојот одраз, сега го нема
покрај огледалово
само прашина останала

Monday, June 15, 2015

Како на вечтноста да ѝ дошол крајот

Таа сече парчиња од мојата душа,
ко парчиња никогаш нема да се соединат,
бидејќи ниту магија, ниту човек можат
да се спротивстават или одат
по патот нејзин
очите и` се како болка
усните, кралство што никогаш нема да го освоиш

Ги држи парчињата од мојата душа,
не соединувајќи ги повторно заедно,
држејќи ме надвор, како питач,
во темнина, каде што нејзината смеа
нема ни најмало влијание,
загубен во нејзината магична кутија,
сепак треба да продолжам да ги барам
одговорите

Си поигрува со парчињата од мојата душа,
ги искушува, како да ме боде со најголемата тага,
осудувајќи ме да го гледам сето тоа,
и сè уште седам во некој замислен очај,
не сакајќи да излезам надвор, бидејќи се плашам,
а внатре се надевам дека ќе успеам
да најдам одговор, да ставам крај,
и повторно да го почувствувам
светот кој ме опкружува

Тогаш таа одлучи да ги фрли парчињата
од мојата душа,
и истурајќи ги во бездната,
дојдов, молејќи ја, молејќи ја да ги зачува
барем последните парчиња,
и да ми ги врати,
во неа нешто се скрши,
како на вечноста да и
дошол крајот,
и таа почна да одговара на прашањата,
а јас не можев да слушнам ни збор.

Легија

Што можеш друго да сториш
кога во себе имаш легија
најавувајќи ти ги
најнездравите нешта
јавувајќи се ненадејно
кинејќи нагоре од самото дно

Уништувајќи ги и борејќи се против нив
гонејќи ги во своите заборавени спомени
мојот пат е преполн со нив
јас ги носам во моево битие

Не можеш да ги контролираш
и прилагодиш сите нив
но не е повеќе ни важно
бидејќи и ти си дел
од шаховските фигури

Волкот никогаш нема
да почувствува ветер
таа никогаш нема
да почувствува слобода
тој никогаш нема
да се ослободи од синџирите
а ти, проклето битие
никогаш нема да не контролираш нас

И не размислувајќи то гледаш
нејзиното голо тело,
кое лежи во собата
усните и` се црвени
кожата - бледа
косата натопена со крв
ти ја чекаш пресудата
за убиените фигури
фигурите на твојата легија

Sunday, June 14, 2015

Повторно истото име

Ова ли е плачот што го создава твојата мајка?
Минатото е чистина, не е потребно извинување,
ако некој се заврти и погледне, ќе види,
ако се обиде, ќе чуе,
но во никој случај нема да те убие

Погледот на очите е насочен на друга страна,
бега како елен, се крие како во детска игра
те лаже, и притоа ти се смее со темните усни

Беше речено, огнот нема да гори,
а таа да не проговори,
косите нејзини се спуштаа на моите рамења
а таа, таа името не го изговара

Ќе биде дадена секоја скапоценост,
ќе биде платена било која цена
повеќе белезите нема да постојат,
тагата ќе биде избришана,
името сè ќе поврати,
името, моќта голема е...
...повторно истото име