Wednesday, August 26, 2015

Не сум јас тој што треба да го каже последниот збор

Како што еднаш кажав
тие ќе се вратат повторно кај вас
ќе се вратат, и тоа плачејќи
избодени и замрзнати
што ли чувствуваа кога не гледаа
како пиеме од вечноста?

И од надежта што умира
зарем таа мора да биде
и овојпат убиствена?

Изолирана од вас
оставена на својот погрешен крстопат
и уривањето на соништата
дава надеж, убиствена, осамена, крвава

осудена на вечни маки
без излез и спас
што би можела да добие
од овие канџи?

Би ги избирале ли деновите
кога ќе сакате да умирате?
би пееле ли во денови
кога ние жалиме?
зошто ова мора да биде
последниот здив, даден бадијала?

Процесот е болен и за двајцата
а тогаш надежта умирала
И зарем уште умира?
и овојпат убиствена?

Па да, сега таа зела облик на жена
Познато ви е, со сите тие среќни мигови
насмевки, убави очи, ветер што ја дува тагата
носејќи надеж, која е мртва?

За какво раѓање стануваше збор?
само темнина, страв и пропаѓање
во овој пропаднат свет
за мојот и твојот живот?
за убиствената, слаба и мртва
треперлива, мала надеж...

No comments:

Post a Comment