Sunday, June 21, 2015

Гледајќи ја сопствената школка

Го гледав човеков
згрчен, занемен
со свои болки и јадови
седеше во аголот
замислен и збунет
тој одамна беше сам
но тогаш
кога најмалку се надевше
дојде неговиот спас

Со очи што горат како пламен
со темината зад себе
дојден  од најмрачните предели
на бескрајната шума
брз како самите волци
жеден за крв

И ни рече: погледнете го
кутрово суштество, погледнете,
тој станал слабак, не верува во ништо
па дури ни во самиот себе
можеби неговата смрт е блиску
но тој сепак сака да се промени
да биде нешто поинакво

но тој ќе се претвори во волк
и ќе се затрча во длабоката шума

И таму ќе изгради свој олтар
и ќе му се поклонува, ќе се поклонува
на неговите соништа, на неговиот
внатрешен немир, на својата судбина

Или можеби сепак нема да го стори тоа?
Што ќе биде праведно, а што не?
Кога тој сега е на крстопатот
дали да умре или да живее
дали болката некогаш ќе заврши?

Во него беснеат големи бранови
кои сакаат да го поведат напред
а тој не се помрднува
сакаат да го натераат да молќи
а тој вие како волк

Тој сака да пролева крв, да убива
а поради што?

Само таа сега може да го запре,
само таа може да ја донесе среќата
само таа може да го скроти ѕверот
кој неуморно талка низ шумата
капејќи се во својата крвава бања
и страда додека се моли пред нејзиниот олтар

No comments:

Post a Comment