Wednesday, August 26, 2015

Убивајќи го кралскиот чувар

Добредојдовте на оваа магична улица
имате неверојатна шанса да учествувате
на моето магично патување
само одлучете и ставете монета
и дојдете во овој, мојов свет

Играта можам да ја наречам
магично патување, можеби
но голема желба ми е
да ја наречам
убивајќи го кралскиот чувар

Ќе чекориме по пат поплочен
кој продолжува напред и напред
но, крстопат сега се најде
на други три насоки може да не поведе
патот на темнината
патот на смртта
и патот на светлината
се патишта можни
не грижете се, ќе ги вкусиме сите
има време, или нашето време
е одамна поминато?

Патот на темнината е полн
со сите лица, скапани, изгниени
вечен вресок од нив, болка
што пече и гори
Кралскиот чувар го земаше здивот..

Патот на смртта, овде солзите
се слушаат како бранови
зашто...да, овошјето е скинато
а дарот е изгубен
Кралскиот чувар ја земаше душата...

Патот на светлината исполнет е
со нишки од претходниците свои
полн е со душите заскитани
овој пат, ја зедоа и мојата душа
која ја одраа од мене
овој Кралски чувар ме уби, ме скрши
и ги слушав вашите тагувања
вашите солзи што звучеа како бранови
вресоците од вашите изгниени животи

Доволно умирав за неа
еднаш и таа нека умре за мене
додека кралскиот чувар ме влече
по улиците на бескрајниот град,
водејќи ме накај бескрајните гробишта...

No comments:

Post a Comment