Thursday, August 27, 2015

Endless sky

Да се помине мостот


Секој миг ми е трул, секој здив, безвреден!

Дојди да ти кажам за моево лудило
дојди да ти помогнам да пречекориш
сите прагови, кои мртви лисја ги попречуваа?
чекорот твој е изменет
да се помине мостот, жед сега е

Перово знае и трпи премногу
секој спомен е причина за напред,
а секој здив, горење!




Заборав
Тие порти, и презреаните цреши. Сетив
како минеш покрај мене, како се вртам, и веќе те нема!

Колку и чекори да пружам
колку и смртта да ме земе
заборав не ќе падне на мене
знам
и ти знаеш
паѓам во сон
дали да пишувам?
дали да се вратам назад?
ме чекаш насред портите
збунет, рака подавам



Што е сторено, сторено е
И никогаш не видов очи, празни како твоите!

Колку пати и да се вратев да те сопрам
одот кон бездни бескрајни да ти го спречам
знаев, знаев
видов во очите твои празнина
и што било сторено, и што пијанството донело
сторено е, знам



Паѓање
Те држев, или само ми се пристори!

Тонам, претам, црни мрежи ме заплеткуваат
никојпат доволно свесен, а буден!
Тонам, пропаѓам,
уште колку ли по призраков ќе трагам?
Сознанието нè вџаши!
Мене повеќе од тебе
паѓаме
доаѓам неканет за да оставам по некој збор
на старите споменици
А не треба



Дрво на смртта
Толку многу сакав да ти речам!

О, џину дамнешен!
Печат на сите изминати времиња!
Чекорот мој ништожен ме довел пред тебе!
Жеден, со дланки распукани, на тебе се потпрев!
Ќе ги чуеш ли моите исповеди!
Последен сведок

О, џину неизбришлив!
Се потпирам последен пат,
овде застанувам!

No comments:

Post a Comment