Monday, February 22, 2016


Сирената во твојата глава

Сирената во твојата глава

Паѓаат првите зраци по долина, трепетливи крилја над мирна, сталожена вода
а одраз, милина, спокој недирнат, бистрина
Подадена рака, грабеж пеколен, чкрипот од грло, глас прекршен
А мајчина прегратка!
А топлина кротка, без да трепка
Сѐ уште ја нема допиено таа чаша, насред губиток, до врв, знај, полна е
Друга еве, веќе иде, над сведнатиов поглед, над стежнативе гради, стисок мачен, прсти непослушни, а умор, а јад
И срце едно згрчено, натежнато од безброј маки, душа свената, зажалена
Пак ги отвори очите, а знаеше
Знаеше  за чекорот до прозорците отворени, и знаеше за одморот мој
Каде одиме? Каде одиме, ако не накај светлината?
А топлина, а одмор на градите мои
Ладост паѓа. И ѕвезди блескаат. Ги гледаме. Сонуваш
Сонуваш. Здивот твој радост. А и градите мои полни се, полни со сета благодарност и радост. И рака доближена, оставена а тропот, чувства. Пулс
Не можеше да престанеш да трчаш, и секогаш е чекор до таму. Секогаш песна, и секојпат здив
Изолираност, а не би ни прашал. А гранки, и вода, а се гледам себеси како чекам
Ниту екот ќе се чуе, ниту чекор ќе падне, туку поглед кон ѕвезди скован ќе е, а ѕвона глад будат, грмежи доаѓање навестуваат

По трагата твоја топла сега тргам. Каде што од леко прошол, живот никнува
Месецот, единствен придружник, а сите гласови велат, немој
Молец сум, ноќва, изгубен насред задача смела
Како што признание се полага сега, крилјата наши влажни се растреперуваат, а суд нема, како што нема ни зборови, потоци развеселени, развеани, влеваат во прегратката моја
Капка, доволно долг е стисокот овенат, а ноќта чека
Чекаш и ти во неа, чекаш и вдишуваш без мака, сета нестрпливост фрлена е на страна

      Уште колку ли, о, векови ќе минат, за одајава да ја отклучиш?

За сите судбини и зборови недоречени...

Saturday, February 13, 2016

Орхидеја

Орхидеја


Види го изгревот
модрина, како разбудени спомени
како твоите мртви цветови
извик слаб, чекориш низ овоштарникот


Те молам, го познавам ликот твој
те молам, не проаѓај го прагот мој
белината чека, белина те дочекува
одразот ќе те запре
блесокот ќе ти затвори очи
не следи ме преку прагов...

Прсти коскени, студени
крвливи, обвиени, пат ќе затворат твој
што крик не ќе чуе
фустан оцрнува, здивот отежнува
поглед се веднее, од миг во нов миг
камења се редат...
стапала ладни по цветови шараат

Секое поле сега гори, секој лик црнее
спокој барај, ќе има ли?
Само дочекот на крикот, само погледот негов
по тебе, и тој веќе не гледа
дланки две те држат, дланки две лице и лулка кријат
пискот да одекне, пламен по две дланки рие...

Преку прагот, белината прегрнува
преку овој овоштарник
прсти смртни во твоите коси се заплеткуваат
те молам, задржи ја белинава
одразот бунарски,
овоштарникот е дом бел твој

Цветови те покриваат сега
што прекор кон тебе насочен би бил
а црна земја глува
полека те впива
Фустан и обетки се лелеат
овој изгрев, зора ладна и твоите очи
покриени од бели цветови, убави прамени коса




Friday, February 12, 2016

Твојот шепот е мој водич



Твојот шепот е мој водич


Сѐ е впишано, секое лице
сведоштво будно
будно сведоштво, дамнина старо, замолчено
о, сега ли е твоето пристигање овде, да чуеш и знаеш?
отвори го срцето твое и возвиши се во височините
семето ќе расцути, нов извор да створи
ти си светлината што ми го покажува патот
преку океанов во моите сништа
јас, брз јазик, а сепак ти ме замолкнуваш

И кога ќе завршиме
ова ќе остане само празна библиотека на мудроста

Надвор, го носам цветот во мојата дланка до мојот нов дом
каде што пролет ќе царува
драг мој гласнику, носачу на крајот
нашиот мост ќе остане преку вековите што идат

Твојот шепот е водич мој
мојот глас на ослободувањето
гласнику мој, ти си дух што танцува во огнот
удавен, втиснат во мојата малост
носач низ убавите полиња
кој ме прегрна и прифати со отворени раце
ти, ти ги собираш сите мои солзи, ги ловиш сите воздишки мои
о, јас ќе ја платам цената, за да го препливам овој океан од страдања

Студен стисок што би ме одвел назад, а потоа, одлетај!


Епилог

Епилог

- Твојот шепот е мој водич


- Орхидеја


- Сирената во твојата глава

Tuesday, February 9, 2016

Илјадници песјаци



Илјадници песјаци


Од ширината негова се родив,
од колнењето негово, проклетства на себе накитив
Од устата негова капнав!
Под тлото посадена сега,
риев во здивот ваш
Челуст сум незауздана,
Пискот помеѓу секоја голтка
Лазам, се влечкам на работ
Доаѓам, демнам
Знаеш!
Кажи дека знаеш!
Капка
Отчукување...таму сум
Во крвотокот, танцување...
Илјадници песјаци
Откината од судбината твоја
Ништо повеќе
Капка јадеж
Отворам безброј порти
Глутници гладни во потера пуштам
Од круната моја сеништа горди
Од ширината негова, сега смрт
Од колнењето негово, излез
Од устата негова капнав
Ме гледаш
Илјадници песјаци


Thursday, February 4, 2016

Chasing in the wind



Chasing in the wind

И знаев, уште од мигот кога моите очи те забележаа
дека ти беше вечно таму

Од првиот допир пулсот затрепери
сенки се движат позади грбот мој
и откако ја вкусив топлината твоја
нешто во тебе внатре се смени
и  знам, кога ќе влезам во собава
премрзнат и исплашен
ти си таму, стоиш зад мене
сите тие нешта те одржуваат во живот
мртвите цветови, свеќите, зборовите
ти си тука, засекогаш присутна
знам, бидејќи одбивам да те натерам да одиш
бидејќи ако пуштам, празнина ќе се издигне
и срцето ќе ми го изеде

Јас одбивам да одам таму сега
одбивам да ја дишам оваа ладна магла
овој нагон да се завртам ми ја кине душата
дух од месо ме држи, и ме води напред во лудило
зборовите течат брзо
од мојот товар ти се храниш
лисјето венеат брзо
копнеат да те прегрнат
јас ќе ги пишувам моите пророштва на нив