Wednesday, August 26, 2015

Од овде до ѕвездите

Чекореше по темната улица
само сенки и темнина
што ја прегрнуваат
си мислеше, ќе го најдат ли телото
овде ли ќе се упатат, барајќи убиец
но не и ослободител

Во ноќта, соништа што измачуваат
ѕвезда умира, но не е послушана наредбата
бараш и понатаму, за да ја угасиш жедта
жена во црно, шминка размачкана од солзи
рацете испружени како да држи бебе
но, рацете испружени се празни

бараш нова жртва, брзаш да ѝ одземеш сè
што го имала или ќе го има
ги забрзуваш чекорите, наеднаш се вртиш
еве ја, жртвата е тука, само колку со нешто
да ја убиеш досадата

Еве ја, стои до тебе, ти се покорува во сè
ти сакаш да
ѝ го земеш и тоа што не може да ти го даде
се прашуваш, дали би требало да ја пуштам да си оди
можно ли е да биде поинаку, но, кога се откажуваш
од намерата, жртвата твоја станува твој предатор...
кој е сега жртва?..
Како што ја наоѓаш жртвата, така и си одиш од неа

No comments:

Post a Comment