Wednesday, February 15, 2017

Сонувам стихови - edited by T.Vanja

Вчера ми пиша Исток дали сум сакал да учествувам во проект, преработка на песна, па се нафатив дента. Потоа ми рече смеам да ја закачувам по нетови и блогови и чуда. Епа, еве ја преработената верзија на песната.



Сонувам стихови

Тонам во доба на мрак и несигурност
без јаже кое би спасило давеник, без никаква надеж
во момент на двоумење и ужас
доаѓа ликот твој

Во падот, од устата моја почнуваат да се раѓаат стихови
очајни песни досега неиспеани, стотици ужасни стихови
ме изненадуваат, не, не се тие мои!
ме вознемируваат, а се помирувам
ликот твој ме утешува
со двете дланки стиховите ги прифаќам
и почнувам да ги обликувам
почнувам да ги сонувам, и веќе тие се мои...

Утеха и спокојство ме поткрепуваат
воздишки и трепет срцето мое го греат
Ликот почнува да дели насмев
зад ликоѕ се појавуваат љубените, саканите, познатите
Сите кои сториле добро, и оние кои се упатиле по друг пат некој
Оние кои уште чекорат, и тие што завек молчат...

Стиховите кои ги пеам
стануваат сѐ погласни и посилни
за да се претворат потоа во вистината
опишувајќи го животот наш

Сонувам стихови
овојпат свежи, топли, живи
откако мракот поминува
зад сите нив се појавува Таа
а ги носи со себе сите мои спомени,
желби и надежи
компарации, метафори
 и зборови потиснати

Сонувам стихови
И дланки топли ме држат
усни црвени ко жар по ликот мој кружат
и очи две од морски води украдени се

И...се будам!


Edited by: T.Vanja