Monday, April 10, 2017

Заслепувачка светлина




Во ноќта ведра, болка голема почнува да стега
солзи во очи се насобираат, од тагата, далечината
а спомени надоаѓаат

Сведокот молчи, а друга случка со тишината раскажува
за земји славни а одамна заборавени
а ликот не можам да го вратам

Време помина, а пролетта своето владеење го најавува
студенилото се крие, каде ли сега мразот ќе гризе?

Во ликот не знам дали својот крај го гледа
или пак таму, брате, никој не стои, го нема?

Велев, достоен не сум за такво нешто

Каков ли печат е удрен, па ѕидините почнаа да се распаѓаат?
Поминато е вр
e мето, поминато е засекогаш!
Мисли век ми заробија, немам ништо без тебе, брате!

А земјата била и ќе биде твоја
за кого ти молитви шепотиш
каде е гласникот што верба носи?
каде е одѕвонувањето на нашите гласови?
Брате, не вели дека ги нема!

Уште еден чекор поблиску и пеат
уште еден чекор поблиску, можеби ќе се смеат?

Под нивните нозе тие ледот го кршат
А внатре, чиниш, пламења и чадови те гушат
Разбуди се, брате!

Кој ли сега, гроб за него ќе копа?
И како што во сон доаѓа како мора
и зошто не завршува сѐ во првата зора?
Боли кога од овде мора да заминеш
и гласот за крај да го чуеш
и пламен останува на ликов

Проколнато е завек љубењето твое

Крајот се ближи

И знам, ќе те видам кога сѐ ќе биде готово
И нема да има повеќе сомневања

И знам, насмев ќе го краси ликот твој
кога часот ќе отчука ,
мигот славен

И ангели таму за тебе пеат
со благослов слават
и насмевки таинствени редат
и не мораат глава да веднат
прегратката и бакнежов
потребни им се, брате,
и волја имаа
за да сфатат

...и ќе те опсипат со светлина,
 оти ти си достоен...