Wednesday, August 26, 2015

Убиство во твојата соба

Немајќи нешто што ти е потребно
но, зарем има нешто, драга
што го криеш?
Па се разбира, внатре е твоето преценето срце
кое очајнички чека да биде скршено
кое бара некој да го зароби
ова, драга, е твојата желба

Но ти ја занемаруваш, тука, мила, е твојот малечок страв
врескајќи да го пуштиш надвор
барајќи шанса за да ги покаже своите канџести крилја

Какви тајни има внатре во собава?
кого спречуваат од спознание нејзините порти?
овојпат, ти играш кралица
јас сум твојот крадец на фустани
а твоите најсветли ѕвезди
сега се гаснат

Што ќе најдам  внатре?
ти ќе ме проколнуваш
и слепило ќе ми фрлиш на очите

Внатре, драга, зачуден и збунет седам на креветот
во собава немаше ништо посебно
само едно тело во шкафот
со испружени нозе на подот
малку се доближив
лицето беше скапано
телото-распаднато

И уште се прашувам, најмила,
зошто толку го криеше телово
слепилото врз моите очи ми го покажа тоа
илиуште го крие, подалеку од мене
затворено во твојата соба, чиј праг
повеќе нема да го пречекорам

No comments:

Post a Comment