Wednesday, August 26, 2015

Не овојпат

:ровоГ
Секојпат тоа доаѓа ненадејно, па зар можев да го очекувам токму овојпат?
Не. Слика, која ми го мати умот, зелената боја и светлината што паѓа на неа, да, такво
нешто не можев да очекувам. Не овојпат...

Одмотување на јазолот
разјадување на светлината
сенките се раздвижуваат
можеш ли да видиш?
Со каква гордост е заразена?

Копнеж...по јазолот...
копнеж...по зеленото

Одмотување на јазолот, твоја смрт,
не, ќе се вратам, само не сега
таа го стори тоа, да, секогаш ни е пред очи
само ние не можеме да го видиме
поле исшарано со тие слики
го носев товарот, без да знам зошто
се свртев и го видов човекот
со бастун в рака, како заминува надолу...

...и надолу ги носеше
сите оние работи
заедно со себе
кои ми беа мили
ја носеше и зелената боја
и битките кои треба

да ги издвојам

А сега не можев да го молам
да ми ги врати
сите оние неочекувани нешта
но, зарем можев да очекувам?
не, не овојпат...

No comments:

Post a Comment