Monday, June 15, 2015

Како на вечтноста да ѝ дошол крајот

Таа сече парчиња од мојата душа,
ко парчиња никогаш нема да се соединат,
бидејќи ниту магија, ниту човек можат
да се спротивстават или одат
по патот нејзин
очите и` се како болка
усните, кралство што никогаш нема да го освоиш

Ги држи парчињата од мојата душа,
не соединувајќи ги повторно заедно,
држејќи ме надвор, како питач,
во темнина, каде што нејзината смеа
нема ни најмало влијание,
загубен во нејзината магична кутија,
сепак треба да продолжам да ги барам
одговорите

Си поигрува со парчињата од мојата душа,
ги искушува, како да ме боде со најголемата тага,
осудувајќи ме да го гледам сето тоа,
и сè уште седам во некој замислен очај,
не сакајќи да излезам надвор, бидејќи се плашам,
а внатре се надевам дека ќе успеам
да најдам одговор, да ставам крај,
и повторно да го почувствувам
светот кој ме опкружува

Тогаш таа одлучи да ги фрли парчињата
од мојата душа,
и истурајќи ги во бездната,
дојдов, молејќи ја, молејќи ја да ги зачува
барем последните парчиња,
и да ми ги врати,
во неа нешто се скрши,
како на вечноста да и
дошол крајот,
и таа почна да одговара на прашањата,
а јас не можев да слушнам ни збор.

No comments:

Post a Comment