Thursday, September 12, 2019

Што знае дете за смртта?
Како да издишам и да го извадам и последниот дим?
Последната капка катран
Преобразба од неверување
Празно тело
Механизам расипан
Гребење на запчаниците
Тапото триење пулсира и потсетува
Потсетува на врвот од бодежот
На студенилото на металот и на крлушките изронети
Што знае дете за смртта
Од каде е таа сина слика
Градниот кош и брановите
Моите две дланки
И предилката
Почекај ме
Дај ми ја барем таа милост
Во место каде што на сите им е простено
Биди судија