Tuesday, January 19, 2016

Потрага

Потрага

Луѓе во бели мантили коментираат во собата
една завеса го крие она што е на креветот
метален прибор се наоѓа во метална чинија
веќе спремен за употреба

Нема тогаш да те прашаат
чувствуваш ли нешто
само ќе засечат безмилосно, длабоко
За да отстранат!

Ја бараат твојата душа
за да ја замрзнат во стаклено шише
ќе стои во креденецот
за секој да може да ја презира

Потегот на раката, која ги сече нишките
не, нема да можат да се зашијат тие назад пак
болката е голема
имаше спас, ама ќе речат немало назад
Лаги, ќе биде сѐ што знаат да ти кажат





No comments:

Post a Comment