Sunday, January 24, 2016

Оди, сечи преку...



  Оди, сечи преку...


Сѐ паѓа надолу од неговата уста,
тага расте внатре во мене,
пристигањето е во точен час

Времето е блиску
минуваат деновите
ги пребаруваме спомените
сите тие сенки, сите насмевки
ползењето во барот
и нејзините зелени очи
сѐ е исплукано црно
со печатот на смртта
(челуст црна зината, од тло до виножита!)
(запомни го нејзиниот губиток,
и сета цена што ја плати,
и колку, колку многу се напати!)
(видикот замаглен,)
(опашот свиткан околу тебе,
впиен, вбризган)
(змијата вдомена во твоите дланки!)
(челуста е отворена, зината)
чекори понатаму, стари прослави
името не ќе се заборави
и свеќи треперат
никој ли нема да владее?
сега, кога го гледаме твоето лице
знаеш дека сѐ мора да помине,
а не виде ништо

(пушти го товарот твој
ослободи се од стравот)
и благослов падна дента,
под летот на светите
Течевме, под и покрај
немоќни, падната в сон
држи ме, додека благословот
не е паднат овој ден...




No comments:

Post a Comment