Thursday, January 21, 2016

Враќање на изгубеното



Враќање на изгубеното


Пред да пристигнам
се облеков во облека од солзи
и го понесов со себе мирисот
на нејзините цветови

Се сеќаваш ли
дека не ја даваше таа мала среќа
за ништо на светов?

Се крши, се крши и се крши
внатре е огромна површина
сите танцуваат во голема турканица
огромна е нивната моќ
се издвојуваат чувства
   толку убави, а непознати...

No comments:

Post a Comment