Monday, January 18, 2016

Во белата болка на времето



Во белата болка на времето

Еве решен сум и сигурен да дозволам
да пречекорам и да не се вртам
сакам и можам, знај, помина невремето
еве доказ, белег што го добив тогаш

Исто како и тогаш болка во раката чувствував
исто како и сега пак сакам да вдишувам
немој да се смееш, а знам, патетично е
кој мора тоа да го раскажe?

Затоа повторно, да, пак јас еве на ѕидот сум закован
што видов, имам причина пак да продолжам да мечтаам


No comments:

Post a Comment