Friday, January 22, 2016

Пламења до небесите

 Пламења до небесите

Бели перја паѓаат на улиците
летот в раце го држиме
небото чисто, душите нивни гладни

Некогаш, во моите сништа
ја гледам смртта твоја

Ти падна, следејќи ме во сонот
отклучувајќи ги портите
стоејќи, барајќи, се гушеше!

Тие знаеја, се смееја, шепотеа
не дозволувајќи светлост да продре

Чекорење по студенилото
почвата влажна и врела
минати времиња, минати битки
во викот нивни, слобода

Истечени мигови на самотија
и прошетки покрај напуштените урнатини
прошетки во студенилото
оди си од моите сништа
мечтаеш ти да стасаш таму...

Писмата прегрнати со тага
за загубеното,
повикувачи на смртта
желни за светлината

Сенишни мачки, топат...
ме помешаа со восокот,
горат перјата, гори ноќта,

Блесок, потоа ништо
само го чека враќањето мое
И реката секогаш може да патува
покрај мојата страна

Мраз...умирање...

Како луд лов, берење на жетвата,
убави плодови, студенило покосува
смрт и заборав,
мразот само тоа го носи...

И заминување,
светол јазол, лавиринт,
желба да ти прегрне ѕвездите
ослободи ме...

Огнен пад
за солзите да се распрснат надолу

Запомни го поминатиов ден
сети се на извиците
те ослободија
ти дарија светлина, но пак?

Да нѐ ослободи...

Сонувачу, само гори...

По битката, раце подадени,
лепливи усни и црви, разбуди ме!

Ѕвездите уште блескаат,
пушти ги ножиците
минутка по минутка, се свена,
здив по здив телото губи топлина
и бледнее
после смрзнатиот поглед има ли некој
да запре и да нѐ измие?
Очи да ни затвори?

Се молам да одлеташ,
да го земеш она што останало,
и она што е почувствувано
да го достигнеш сонцето
но зраците се  толку далеку!

Празна, чиста, бледа, полна,
вртлог

Бдеј, бдеј! Доволно беше!

Времето мине и чекор
да пружиш назад нема да ти даде...
сѐ уште паѓаш...
најди ме...најди ме...
земи ме, понеси ме,
донеси ме назад...
бдеј, доволно беше!

Скрши, пресечи им ги крилјата

Колкумина ќе паднат пред твоите нозе?

Вкочанет поглед,
застани пред него
и доврши го пророштвото
гробот треба да се докопа

Барачу на ѕвездите
трагачу нивен ти
незапирливо, незавршливо
кружење, верба..

Гигантот будно бдее, слушајќи ги растенијата,
и ги повлекува оптегнатите конци кои би нѐ ослободиле

Пламења до небесите

Лелеење, продир, спремна ли си да ме одведеш до портите?

И
да погледнеш до самиот крај?

Го знам тој дел што недостасува, знам како стисокот може
да ја заврши секоја насмевка,
веднаш пред мене, портата, кај што здивот започна,
долу, без никаков суд, донеси ме...
пред портите, до светлината
почеток, потоа зраците можат да паднат
ти?
Како беше сето тоа речено?
И седевме под светлината од најсјајната ѕвезда...

Потоа рај покрај нежноста, топлина и искушенија,
сладост, копнеж, с
ѐ мора да заврши
с
ѐ мора да избледи,
брава, оставен знак покрај страниците, пресушена,
задоволна и зависна, покрај падот,
танцуваат зраците
Сѐ мора да догори, замре, замине...

Остани, остани како белег,
овде да гориш...


No comments:

Post a Comment