Wednesday, January 20, 2016

Одговор



Одговор

Бавна, грациозна игра
длабоко, отворени беа сите порти
световите во кои водеа
со темнина исшарани беа

И ставено е цена на сѐ
а некоја цена, тешко се плаќа знај
не мора да се знае сѐ за да се заштити
некои работи подобро е тајна да останат

Кратење на маките и сечење на конците?
А каде тие водат?

Длабоко во мракот
тивко твојата песна ја пеат
испеана со љубов
мечтаење
полна заборав
заборавот чека

Кажи ми, најде таму спасение?
Додека длабоко долу во мракот,
тивко до века ќе се пее песната твоја со заборав...


No comments:

Post a Comment