Friday, January 8, 2016

Петтиот убод



Петтиот убод

Пламен од долините до небесите
денес е најчудниот ден откако жетвата е во тек...
многу пијанки и омраза заедно со поспаноста,
сѐ се претвори во најубавите цветови на измамата...
тајните валкани, а тлото под нозете гори
поети умираат за неа...

Како забрането овошје затворени ги остава душите наши
јас останав без вино, но важен ли е напиток сладок тој
кога пламен во нас гори, а души седат в неспокој
дела неславни но слатки како мед
мисли кои будат бури, умот го оставаат насред хаос сет...

Ата водич ми е, назад нема
светлината кога ќе ја видам истиот ќе бидам пак,
делам болка со тебе, дете
искушението, страста,
смртници, јас ќе го запалам небото и ќе ја раздорам почвата додека не исчезне
во празнината...јас сум таа која ја јаде светлината

Жалејќи во Пактол би можела да слезам и понизно со дарбата да се накитам,
знаеш ли колку волшебна е сликата пред нас двајца што еве стои
другите би се прашувале и би броеле часови свои
жено, зошто патот ми го пречиш?
Сѐ уште ќе бдееш ли ти?
За кого ти услуги правиш, Ато?

Ништо посигурно од ова не е, зборови, тешко да се кажат сега...
не знам ни што да се стори треба...
Дал рака кон него да се пружи?
Ткаење непресушно за огнените времиња наши
биење на камбани, цветови и песни да ги красат
владеењата ваши

Свесна си што стори
стихови и воздишки спуштени над скриениве бои наши

Покрај избодените столбови, Ата чекор по чекор во ноќва ита
водич на петтиот убод мој...
сејач на сивилата, измама...

No comments:

Post a Comment