Tuesday, February 9, 2016

Илјадници песјаци



Илјадници песјаци


Од ширината негова се родив,
од колнењето негово, проклетства на себе накитив
Од устата негова капнав!
Под тлото посадена сега,
риев во здивот ваш
Челуст сум незауздана,
Пискот помеѓу секоја голтка
Лазам, се влечкам на работ
Доаѓам, демнам
Знаеш!
Кажи дека знаеш!
Капка
Отчукување...таму сум
Во крвотокот, танцување...
Илјадници песјаци
Откината од судбината твоја
Ништо повеќе
Капка јадеж
Отворам безброј порти
Глутници гладни во потера пуштам
Од круната моја сеништа горди
Од ширината негова, сега смрт
Од колнењето негово, излез
Од устата негова капнав
Ме гледаш
Илјадници песјаци


No comments:

Post a Comment