Monday, February 1, 2016

Земја

Земја

Се опиваат илјадници од кралството некогашно мое
се опиваат од лудилото, од копнежот, од смртта се опиваат
шилец забоден во секоја душа, гниеж во сите срца

А срцето мое плива во отров, сомнеж, каење и презир,
а презирта мрежа плете, омраза гради и тропот задушува

Добредојде назад, ставата твоја искасапена цврсто стои
и знам пијан дека од страдања си
умот твој изгубен е назад кон кралството
исплетено дамнешно

Што е сторено, сторено е
Заборав  чека...



No comments:

Post a Comment