Saturday, February 13, 2016

Орхидеја

Орхидеја


Види го изгревот
модрина, како разбудени спомени
како твоите мртви цветови
извик слаб, чекориш низ овоштарникот


Те молам, го познавам ликот твој
те молам, не проаѓај го прагот мој
белината чека, белина те дочекува
одразот ќе те запре
блесокот ќе ти затвори очи
не следи ме преку прагов...

Прсти коскени, студени
крвливи, обвиени, пат ќе затворат твој
што крик не ќе чуе
фустан оцрнува, здивот отежнува
поглед се веднее, од миг во нов миг
камења се редат...
стапала ладни по цветови шараат

Секое поле сега гори, секој лик црнее
спокој барај, ќе има ли?
Само дочекот на крикот, само погледот негов
по тебе, и тој веќе не гледа
дланки две те држат, дланки две лице и лулка кријат
пискот да одекне, пламен по две дланки рие...

Преку прагот, белината прегрнува
преку овој овоштарник
прсти смртни во твоите коси се заплеткуваат
те молам, задржи ја белинава
одразот бунарски,
овоштарникот е дом бел твој

Цветови те покриваат сега
што прекор кон тебе насочен би бил
а црна земја глува
полека те впива
Фустан и обетки се лелеат
овој изгрев, зора ладна и твоите очи
покриени од бели цветови, убави прамени коса




No comments:

Post a Comment