Sunday, August 27, 2017

Куп мечти, сонови, слобода и љубов, меѓу другото



Нивните тела се тресеа...не од студ, никогаш од студ, но од страв. Сепак, додека тој сонуваше, знаеја дека бурата нема да заврши.

Го заборавивме нашиот дом. А сѐ беше. И веќе не е. Земјата е челуст отворена, небото гори, океанот е нашиот бескраен гроб. Воздухот е преполн со мачнина, ветрот – предвесник кој го најавува нашето доаѓање. Доаѓање, а завршување. Што ли ќе се случи? На работ на окото, расцепување. На работ на карпата, шепот. Насред овој бродолом, те нема да ја стегнеш мојата дланка. Гавраните се вратија и чмаат. Смени го правецот пред да биде предоцна, но знаеме дека веќе е! 
Како ли сонуваме, како продолжуваме да сме слободни, кога невидливи конци се зашиени на кожата? Дента кога заборавивме, кога последните снопчиња сено гореа во ноќта, гореше иднината, круната таткова паѓа а моето срце умира. Патот посеан е со мртвите цветови од моето доаѓање. Детето уште во своите очи собира и негува храброст. И тие ќе горат, како и старите спомени мои. Како ли сонуваме?
Како се осмелуваме и надеваме да  инспирираме надеж во светов, кога сѐ она што го имаме во нашите срца се лаги? Тогаш, и срцето свое ќе го откорнам. И сите денови и ноќи се исполнети со мислата за нашиот завршеток. Сепак, како што сум соочен со крајот, каква штета би имало од уште еден, последен поглед?

Нивните тела се тресеа...не од студ, никогаш од студ, но од страв. Сепак, додека тој сонуваше, знаеја дека бурата нема да заврши...

No comments:

Post a Comment