Златец
Изгубен бев, талкач насред собите
а златни прамени се спуштаа
обоена е градинава
исконски чекор вкоренет е
Пред вратата молкум стојам
вкоренет сум во тебе
впиен, ликот мој го носиш
а светлост не ќе го погали
Заборавени се портиве
и сѐ што спие зад нив
Изгубен бев, талкач насред собите
а златни прамени се спуштаа
обоена е градинава
исконски чекор вкоренет е
Пред вратата молкум стојам
вкоренет сум во тебе
впиен, ликот мој го носиш
а светлост не ќе го погали
Заборавени се портиве
и сѐ што спие зад нив
No comments:
Post a Comment