Sunday, August 27, 2017
Куп мечти, сонови, слобода и љубов, меѓу другото
Нивните тела се тресеа...не од студ, никогаш од студ, но од страв. Сепак, додека тој сонуваше, знаеја дека бурата нема да заврши.
Го заборавивме нашиот дом. А сѐ беше. И веќе не е. Земјата е челуст отворена, небото гори, океанот е нашиот бескраен гроб. Воздухот е преполн со мачнина, ветрот – предвесник кој го најавува нашето доаѓање. Доаѓање, а завршување. Што ли ќе се случи? На работ на окото, расцепување. На работ на карпата, шепот. Насред овој бродолом, те нема да ја стегнеш мојата дланка. Гавраните се вратија и чмаат. Смени го правецот пред да биде предоцна, но знаеме дека веќе е!
Како ли сонуваме, како продолжуваме да сме слободни, кога невидливи конци се зашиени на кожата? Дента кога заборавивме, кога последните снопчиња сено гореа во ноќта, гореше иднината, круната таткова паѓа а моето срце умира. Патот посеан е со мртвите цветови од моето доаѓање. Детето уште во своите очи собира и негува храброст. И тие ќе горат, како и старите спомени мои. Како ли сонуваме?
Како се осмелуваме и надеваме да инспирираме надеж во светов, кога сѐ она што го имаме во нашите срца се лаги? Тогаш, и срцето свое ќе го откорнам. И сите денови и ноќи се исполнети со мислата за нашиот завршеток. Сепак, како што сум соочен со крајот, каква штета би имало од уште еден, последен поглед?
Нивните тела се тресеа...не од студ, никогаш од студ, но од страв. Сепак, додека тој сонуваше, знаеја дека бурата нема да заврши...
Tuesday, August 8, 2017
Богоискованите
Се раѓа искра
од чекан небесен врз оваа
огромна наковална
вдахновение,
во нашите празни тела
здив небесен!
И нашата кожа - камен
и нашите очи - молњи
а нашата лика - оган
брадите - магма незапирлива
а нашиот живот
богоискован од нив!
Бегај од бесот нивни
чувај се од нивната моќ
стравувај оти волјата
им е нескршлива
умри од нивниот
космички поход!
А нашата кожа - камен
нашите лица - упорни
а нашите очи - молњи
а нашата лика - оган
брадите - лава која тече
нашиот живот
богоискован!
Искра
чекан небесен
вдахновение -
во нашите празни тела,
здив небесен!
од чекан небесен врз оваа
огромна наковална
вдахновение,
во нашите празни тела
здив небесен!
И нашата кожа - камен
и нашите очи - молњи
а нашата лика - оган
брадите - магма незапирлива
а нашиот живот
богоискован од нив!
Бегај од бесот нивни
чувај се од нивната моќ
стравувај оти волјата
им е нескршлива
умри од нивниот
космички поход!
А нашата кожа - камен
нашите лица - упорни
а нашите очи - молњи
а нашата лика - оган
брадите - лава која тече
нашиот живот
богоискован!
Искра
чекан небесен
вдахновение -
во нашите празни тела,
здив небесен!
Saturday, June 3, 2017
Долу кај патот има тивки очи
набљудуваат, а не требаше вака да биде
можеби ќе ги видат сите минувачи
знаев дека ќе одиш таму. Држи се!
Денот прв, буден, со ладни стапала,
тивка болка во градите. Се држам и врескам!
Морам да те најдам пак. Истрел!
Ајде да одиме
Можам ли да молам за прошка?
Ден втор, и знам каде си
не треба да ме повикаш
педа по педа во лавиринтот
знаеш дека сум над земјава
знаеш дека не можам да бидам изедена
воздишка, знаеш дека сум на крајот
кружам околу тебе, и не можеш да избегаш
Педа по педа, меморија по меморија
се доближувам до тебе
Трет ден, клада. Таа танцува во секоја твоја вена
набљудуваат, а не требаше вака да биде
можеби ќе ги видат сите минувачи
знаев дека ќе одиш таму. Држи се!
Денот прв, буден, со ладни стапала,
тивка болка во градите. Се држам и врескам!
Морам да те најдам пак. Истрел!
Ајде да одиме
Можам ли да молам за прошка?
Ден втор, и знам каде си
не треба да ме повикаш
педа по педа во лавиринтот
знаеш дека сум над земјава
знаеш дека не можам да бидам изедена
воздишка, знаеш дека сум на крајот
кружам околу тебе, и не можеш да избегаш
Педа по педа, меморија по меморија
се доближувам до тебе
Трет ден, клада. Таа танцува во секоја твоја вена
Wednesday, May 3, 2017
Сак
Натрапник си
посетител несакан
инает нескршлив
проколнат, зајадлив!
Натрапник сум
и гајле ми е
ќе си терам по мое
проклет бил,
од мојот поглед
да те снема!
А во моето снагиче
од време на време
мирче некое спокојство
и пак удар, удар, удар!
Изворот е оваа чесност
ова кревко телце
умот искршен на безброј приказни
го плукам светов, секое смрдливо месо
косата валкана и забите црни изронети!
Натрапник сум, и гајле ми е!
посетител несакан
инает нескршлив
проколнат, зајадлив!
Натрапник сум
и гајле ми е
ќе си терам по мое
проклет бил,
од мојот поглед
да те снема!
А во моето снагиче
од време на време
мирче некое спокојство
и пак удар, удар, удар!
Изворот е оваа чесност
ова кревко телце
умот искршен на безброј приказни
го плукам светов, секое смрдливо месо
косата валкана и забите црни изронети!
Натрапник сум, и гајле ми е!
Конечно
Поставена сцена
Измислени ликови
Заборавена, процутена вишна
Расклатен стол и сите тешкотии
Растргнување на годините мои
уништувачки нагон кон себе и сѐ мое
разлика има во она што треба, а не е
секако столов е стар и одвај ме држи
Аплаузот е кршач на дремката моја
далечен и туѓ, раздразнувачки дури
здивот и телото се будат
а срцето тоне, тоне
Поставена сцена
Измислени, луди ликови
Заборавена, процутена вишна
Тропотот на моето срце
Аплауз кој не стивнува
Измислени ликови
Заборавена, процутена вишна
Расклатен стол и сите тешкотии
Растргнување на годините мои
уништувачки нагон кон себе и сѐ мое
разлика има во она што треба, а не е
секако столов е стар и одвај ме држи
Аплаузот е кршач на дремката моја
далечен и туѓ, раздразнувачки дури
здивот и телото се будат
а срцето тоне, тоне
Поставена сцена
Измислени, луди ликови
Заборавена, процутена вишна
Тропотот на моето срце
Аплауз кој не стивнува
Monday, April 10, 2017
Заслепувачка светлина
Во ноќта ведра, болка голема почнува да стега
солзи во очи се насобираат, од тагата, далечината
а спомени надоаѓаат
Сведокот молчи, а друга случка со тишината раскажува
за земји славни а одамна заборавени
а ликот не можам да го вратам
Време помина, а пролетта своето владеење го најавува
студенилото се крие, каде ли сега мразот ќе гризе?
Во ликот не знам дали својот крај го гледа
или пак таму, брате, никој не стои, го нема?
Велев, достоен не сум за такво нешто
Каков ли печат е удрен, па ѕидините почнаа да се распаѓаат?
Поминато е врe мето, поминато е засекогаш!
Мисли век ми заробија, немам ништо без тебе, брате!
А земјата била и ќе биде твоја
за кого ти молитви шепотиш
каде е гласникот што верба носи?
каде е одѕвонувањето на нашите гласови?
Брате, не вели дека ги нема!
Уште еден чекор поблиску и пеат
уште еден чекор поблиску, можеби ќе се смеат?
Под нивните нозе тие ледот го кршат
А внатре, чиниш, пламења и чадови те гушат
Разбуди се, брате!
Кој ли сега, гроб за него ќе копа?
И како што во сон доаѓа како мора
и зошто не завршува сѐ во првата зора?
Боли кога од овде мора да заминеш
и гласот за крај да го чуеш
и пламен останува на ликов
Проколнато е завек љубењето твое
Крајот се ближи
И знам, ќе те видам кога сѐ ќе биде готово
И нема да има повеќе сомневања
И знам, насмев ќе го краси ликот твој
кога часот ќе отчука ,
мигот славен
И ангели таму за тебе пеат
со благослов слават
и насмевки таинствени редат
и не мораат глава да веднат
прегратката и бакнежов
потребни им се, брате,
и волја имаа
за да сфатат
...и ќе те опсипат со светлина,
оти ти си достоен...
Wednesday, February 15, 2017
Сонувам стихови - edited by T.Vanja
Вчера ми пиша Исток дали сум сакал да учествувам во проект, преработка на песна, па се нафатив дента. Потоа ми рече смеам да ја закачувам по нетови и блогови и чуда. Епа, еве ја преработената верзија на песната.
Сонувам стихови
Тонам во доба на мрак и несигурност
без јаже кое би спасило давеник, без никаква надеж
во момент на двоумење и ужас
доаѓа ликот твој
Во падот, од устата моја почнуваат да се раѓаат стихови
очајни песни досега неиспеани, стотици ужасни стихови
ме изненадуваат, не, не се тие мои!
ме вознемируваат, а се помирувам
ликот твој ме утешува
со двете дланки стиховите ги прифаќам
и почнувам да ги обликувам
почнувам да ги сонувам, и веќе тие се мои...
Утеха и спокојство ме поткрепуваат
воздишки и трепет срцето мое го греат
Ликот почнува да дели насмев
зад ликоѕ се појавуваат љубените, саканите, познатите
Сите кои сториле добро, и оние кои се упатиле по друг пат некој
Оние кои уште чекорат, и тие што завек молчат...
Стиховите кои ги пеам
стануваат сѐ погласни и посилни
за да се претворат потоа во вистината
опишувајќи го животот наш
Сонувам стихови
овојпат свежи, топли, живи
откако мракот поминува
зад сите нив се појавува Таа
а ги носи со себе сите мои спомени,
желби и надежи
компарации, метафори
и зборови потиснати
Сонувам стихови
И дланки топли ме држат
усни црвени ко жар по ликот мој кружат
и очи две од морски води украдени се
И...се будам!
Edited by: T.Vanja
Тонам во доба на мрак и несигурност
без јаже кое би спасило давеник, без никаква надеж
во момент на двоумење и ужас
доаѓа ликот твој
Во падот, од устата моја почнуваат да се раѓаат стихови
очајни песни досега неиспеани, стотици ужасни стихови
ме изненадуваат, не, не се тие мои!
ме вознемируваат, а се помирувам
ликот твој ме утешува
со двете дланки стиховите ги прифаќам
и почнувам да ги обликувам
почнувам да ги сонувам, и веќе тие се мои...
Утеха и спокојство ме поткрепуваат
воздишки и трепет срцето мое го греат
Ликот почнува да дели насмев
зад ликоѕ се појавуваат љубените, саканите, познатите
Сите кои сториле добро, и оние кои се упатиле по друг пат некој
Оние кои уште чекорат, и тие што завек молчат...
Стиховите кои ги пеам
стануваат сѐ погласни и посилни
за да се претворат потоа во вистината
опишувајќи го животот наш
Сонувам стихови
овојпат свежи, топли, живи
откако мракот поминува
зад сите нив се појавува Таа
а ги носи со себе сите мои спомени,
желби и надежи
компарации, метафори
и зборови потиснати
Сонувам стихови
И дланки топли ме држат
усни црвени ко жар по ликот мој кружат
и очи две од морски води украдени се
И...се будам!
Edited by: T.Vanja
Subscribe to:
Posts (Atom)