Се раѓа искра
од чекан небесен врз оваа
огромна наковална
вдахновение,
во нашите празни тела
здив небесен!
И нашата кожа - камен
и нашите очи - молњи
а нашата лика - оган
брадите - магма незапирлива
а нашиот живот
богоискован од нив!
Бегај од бесот нивни
чувај се од нивната моќ
стравувај оти волјата
им е нескршлива
умри од нивниот
космички поход!
А нашата кожа - камен
нашите лица - упорни
а нашите очи - молњи
а нашата лика - оган
брадите - лава која тече
нашиот живот
богоискован!
Искра
чекан небесен
вдахновение -
во нашите празни тела,
здив небесен!
No comments:
Post a Comment