Сирената во твојата глава
Паѓаат првите зраци по долина, трепетливи крилја
над мирна, сталожена вода
а одраз, милина, спокој недирнат, бистрина
а одраз, милина, спокој недирнат, бистрина
Подадена рака, грабеж пеколен, чкрипот од грло,
глас прекршен
А мајчина прегратка!
А топлина кротка, без да трепка
А топлина кротка, без да трепка
Сѐ уште ја нема допиено таа чаша, насред губиток,
до врв, знај, полна е
Друга еве, веќе иде, над сведнатиов поглед, над
стежнативе гради, стисок мачен, прсти непослушни, а умор, а јад
И срце едно згрчено, натежнато од безброј маки,
душа свената, зажалена
Пак ги отвори очите, а знаеше
Знаеше за
чекорот до прозорците отворени, и знаеше за одморот мој
Каде одиме? Каде одиме, ако не накај светлината?
А топлина, а одмор на градите мои
Ладост паѓа. И ѕвезди блескаат. Ги гледаме.
Сонуваш
Сонуваш. Здивот твој радост. А и градите мои полни
се, полни со сета благодарност и радост. И рака доближена, оставена а тропот,
чувства. Пулс
Не можеше да престанеш да трчаш, и секогаш е чекор
до таму. Секогаш песна, и секојпат здив
Изолираност, а не би ни прашал. А гранки, и вода,
а се гледам себеси како чекам
Ниту екот ќе се чуе, ниту чекор ќе падне, туку
поглед кон ѕвезди скован ќе е, а ѕвона глад будат, грмежи доаѓање навестуваат
По трагата твоја топла сега тргам. Каде што од леко прошол, живот никнува
Месецот, единствен придружник, а сите гласови
велат, немој
Молец сум, ноќва, изгубен насред задача смела
Како што признание се полага сега, крилјата наши
влажни се растреперуваат, а суд нема, како што нема ни зборови, потоци
развеселени, развеани, влеваат во прегратката моја
Капка, доволно долг е стисокот овенат, а ноќта
чека
Чекаш и ти во неа, чекаш и вдишуваш без мака, сета
нестрпливост фрлена е на страна
Уште колку ли, о, векови ќе минат, за одајава да ја отклучиш?
За сите судбини и зборови недоречени...
No comments:
Post a Comment